Во текот на следните неколку дена се очекува тимот на Бенфика да го оствари најголемиот влезен трансфер во историјата. Се работи за Георги Судаков, досегашниот член на тимот на Шахтјор Доњецк, кој што е офанзивен играч за врска. Тој Бенфика би ја чинел 30 милиони евра, а работата е при крај затоа што медиумите јавуваат дека Судаков веќе се поздравил со своите соиграчи во Шахтјор.
Украинецот е во топ форма, минатата сезона на 37 мечеви постигна 15 голови, а има 22 години во моментов.
Претходно најскапо платен играч од страна на тимот на Бенфика беше турчинот Кокчу.