Нов клуб за репрезентативецот: Александар Љафтов потпиша за кувајтскиот вицешампион

85

36-годишниот македонски одбојкарски репрезентативец Алерксандар Љафтов во новата сезона ќе има нов предизвик. Стартниот примач во нашиот национален тим се сели на Блискиот Исток во дресот на Бурган Спорт Клуб од Кувајт.

Станува збор за вицешампион на Кувај од минатата сезона, кој оваа сезона влегува со шампионски амбиции. Љафтов го комплетираше трансферот денеска и веќе е во Босна и Херцеговина каде неговиот нов клуб ќе има двонеделни базични подготовки.

„Бурган е клуб со сериозни намери и амбиции за следната сезона. Се надеваме на ново финале, па и да го освоиме кувајтскиот шампионат. Од денеска сме во Сараево, тука остануваме 15 дена, па продолжуваме со подготовките во Кувајт. Очекувам добра сезона за да бидам подготвен за следното лето и настапот на Европското првенство“, ни потврди Љафтов.

Минатата сезона нашиот примач настапуваче за грчки ПАОК.

ПретходноМиовски: Се надевам дека ќе продолжиме во добар ритам
СледноВулверхемптон го „лапна“ најдобриот стрелец во Белгија