ТОП ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: „Клоца“ за Ерик Тен Хаг, Исак до 2031 во Ливерпул!

479

Денес завршува летниот преоден рок во најдобрите лиги на Европа.

Еве кога завршува пазарот во различните првенства:

    • Англија – 19:00 часот
    • Шпанија – 22:59 часот
    • Италија – 19:00 часот
    • Германија – 19:00 часот
    • Франција – 19:00 часот

Неверојатно, но се чини вистинито

Ерик Тен Хаг добил клоца од Баер Леверкузан….Кратко траеше неговиот престој. Дојде во јуни….

 

Александер Исак е на медицински прегледи 

Александар Исак е на лекарски преглед пред да потпише шестгодишен договор до 2031 година! 
Ливерпул ќе плати трансфер од 125 милиони фунти, додека Њукасл ќе добие 130 милиони фунти со вклучена солидарна исплата по завршувањето на договорот.
Двата клуба веќе размениле документи за трансферот на Исак преку ноќ, официјално соопштение се очекува денеска.

Јувентус го позајмува Опенда од РБ Лајпциг

Лоик Опенда од денеска ќе биде ново засилување на Јувентус. Фудбалерот на германски Лајпциг доаѓа во Италија на потпис на позајмицата до крајот на сезоната, со право на откуп. Сумата на позајмицата е 4 милиони евра.

Донарума во Манчестер Сити!

Веќе некое време се зборува дека Џанлуиџи Донарума ќе стане нов играч на Манчестер Сити, а сега тоа го потврди и Фабрицио Романо со извикот „Here we go“. За денес е закажан лекарски преглед.

Манчестер Сити го одобри заминувањето на Едерсон откако успеа да го заврши трансферот на Џанлуиџи Донарума од Пари Сен Жермен за сума од 35.000.000 евра.

Марко Асенсио е исто така во Фенербахче
Со доведувањето на Едерсон, Фенербахче го комплетираше трансферот и на Марко Асенсио. Какви потези на турскиот великан!

Едерсон е новиот голман на Фенербахче
По осум години, Бразилецот Едерсон го напушта Манчестер Сити. Тој ќе ја продолжи својата кариера во Фенербахче.

Следете во СпортСпорт сè што е најинтересно во текот на денот:

  • Александер Исак пристигна во Ливерпул за да помине лекарски прегледи пред неговиот рекорден трансфер на „Енфилд“.
  • Барселона дефинитивно нема да се раздели со Фермин Лопес.
  • Преговорите меѓу Челси и Баерн за Џексон повторно започнуваат, тврди „Скај Германија“.
  • Во жарот на трансферниот ден, Тен Хаг беше отпуштен од Леверкузен.
  • Нико Гонсалес од Јувентус е на медицински тестови во Атлетико Мадрид.
  • Њукасл се договори со Брентфорд за напаѓачот Уиса.
  • Баерн поднел понуда за талентираниот млад напаѓач на Митјиланд, Франкулинјо, тврдат во Данска.
  • Голманот Сен Ламенс од Антверп постигнал договор со Манчестер Јунајтед.
  • Одбранбеникот Наиф Агер го напушти Вест Хем поради Марсеј.
  • Астон Вила е подготвена да нападне врз Њукасл за Вилијам Осула.
  • Милан го пушти напаѓачот Чукуезе да оди на прегледи во Фулем.
  • Астон Вила се договори со Манчестер Јунајтед за Санчо.
  • Алекс Хименез од Милан станува дел од Борнмут.
  • Сандерленд се засилува со холандскиот дефанзивец Хеертрујда од Лајпциг.
  • Изнајмувањето на Николас Џексон од Челзи во Баерн (Минхен) конечно пропаѓа, Баварците се насочија кон ѕвездата на Аталанта, Адемола Лукман.
  • Џејми Варди, кој е слободен агент, е на прегледи во Кремонезе
  • Фабрицио Романо го објави трансферот на Донарума во Манчестер Сити како сигурен.
  • Инкапие веќе е во Лондон за потпис со Арсенал
  • Милан се договори со Марсеј за средниот играч Адриен Рабио
  • 17-годишниот Аргентинец Франсиско Баридо од Јувентус се договори со Наполи и официјално побара трансфер
  • Едон Жегрова од Лил патува кон Италија за својот трансфер во Јувентус
  • Севиља потпиша со Алексис Санчез како слободен агент
  • Средниот играч на Милан, Јунус Муса, е на прегледи во Аталанта
  • Јувентус го договори напаѓачот Лоис Опенда од Лајпциг
  • Донарума изгледа сигурен за Манчестер Сити
  • Тотенхем покажал интерес за Рандал Коло Муани
  • Сандерленд го купува напаѓачот Брајан Броби од Ајакс
  • Манчестер Јунајтед и Бетис се договорија за Антони
  • Емилиано Мартинез ја информира Астон Вила дека сака трансфер во Манчестер Јунајтед
  • Конрад Хардер од Спортинг (Лисабон), кој беше на чекор од Милан, на крајот ќе го засили РБ Лајпциг
  • Арсенал го зема Пиеро Инкапие од Леверкузен
  • Ливерпул го позајми Костас Цимикас во Рома
ПретходноЧурлинов 2 години договор со турски Кочаелиспор
СледноВелковски: Резултатот не е реален! Потфрливме во реализацијата, бевме казнети!