Денес заврши летниот преоден рок во најдобрите лиги на Европа.
СПОРТСПОРТ во текот на целиот ден ги следеше случувањата на трансфер пазарот и ги лиферуваше најважните трансфери кои го тресеа европскиот трансфер маркет. Во продолжение листата на најважните, ТОП ТРАНСФЕРИ на завршниот преоден рок на стариот континент ⬇️⬇️⬇️
Николас Џексон во дресот на Баерн (М)
И Баерн (М) го потврди големиот трансфер најавен денеска. Голгетерот на Челзи, Николас Џексон е ново засилување за германскиот првак.
FC Bayern leiht Nicolas Jackson vom FC Chelsea aus. ✍️
🔗 https://t.co/9ELxuk9HBI#ServusNico pic.twitter.com/mpdcBvTO9w
— FC Bayern München (@FCBayern) September 1, 2025
Џејдон Санчо и Харви Елиот во Астон Вила
Во последните часови од преодниот рок Астон Вила донесе две нови засилувања. Од Ливерпул на „Вила Парк“ „слета“ младиот англиски репрезентативец Харви Елиот, додека од Манчестер Ј. во дресот на Вила доаѓа и Џејдон Санчо. 22-годишниот Елиот оди на позајмица со право на откуп од 35 милиони фунти. Истото се однесува и за Џејдон Санчо, со тоа што Астон Вила ќе покрива 80% од платата на играчот. Овој удел би можел да се зголеми на 100% поради „бонуси“.
Јуве го потврди и Лоик Опенда
Трансферот на белгискиот напаѓач Лоис Опенда од Лајпциг во Јувентус е потврден. Позајмицата е вредна 3 милиони евра со задолжителен откуп за 42.000.000 евра.
Сене Ламенс е новиот голман на Манчестер Јунајтед
Не е Мартинез, тукуе Ламенс. Манчестер Ј. го купи голманот на Антверпен. Белгиецот доаѓа на „Олд Трафорд“ за 21 милион евра, плус бонуси.
A warm United welcome to our new goalkeeper: Senne Lammens! 🧤🇧🇪
— Manchester United (@ManUtd) September 1, 2025
Официјално: Исак, конечно, го облече дресот на Ливерпул (ВИДЕО)
Виса е новата „деветка“ на Њукасл, се чека Ливерпул да го претстави Исак
Давид Одогу стана играч на Милан
Италијанскиот клуб го објави трансферот на дефанзивецот од Волфсбург. Страните потпишаа договор на 4 години со опција за продолжување за уште една сезона. Претходно беше објавено дека трансферната сума за 19-годишниот фудбалер ќе биде 7 милиони евра плус 3 милиони во бонуси.
Торинскиот клуб го објави потписот на 26-годишниот крилен напаѓач. Жегрова во Торино останува до 2030 година. Торинскиот клуб плати 14,3 милиони евра за трансферот на играчот, а предвидени се и бонус исплати од 3 милиони евра. Покрај тоа, „бјанконерите“ имаа дополнителни трошоци од 1,2 милиони евра.
Ufficiale | Zhegrova è bianconero ⚪️⚫️
Benvenuto Edon!
— JuventusFC (@juventusfc) September 1, 2025
Рандал Коло Муани е нов фудбалер на Тотенхем
Францускиот репрезентативец вечерва ја затвори позајмицата во Тотенхем. Лондонскиот клуб се обврза да ја исплати целата плата на францускиот напаѓач, која изнесува 8 милиони евра, без даноци, што изнесува околу 15 милиони до крајот на сезоната. Со оглед на тоа што ПСЖ веќе ги исплати неговите плати за јули и август, неговата плата ќе го чини Тотенхем околу 13 милиони евра.
We are delighted to announce the signing of Randal Kolo Muani on a season-long loan from Paris Saint-Germain ✍️
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) September 1, 2025
Милан се пофали со Рабио
Адриен Рабио е нов член на „росонерите“. Трансферот од олимпик Марсеј чини 10 милиони евра со вклучени бонуси. 30 проценти од следната продажба исто така оди во Марсеј.
Strength. Elegance. Experience. Adrien Rabiot is Rossonero 🔴⚫#WelcomeRabiot
— AC Milan (@acmilan) September 1, 2025
Марко Асенсио стана играч на Фенербахче
Турскиот клуб го објави трансферот на играчот од средниот ред на ПСЖ. Страните потпишаа тригодишен договор со опција за продолжување за уште една сезона. Според „ РМЦ Спорт“, договорот вредел 15 милиони евра.
Антони се пресели од Манчестер Јунајтед во Бетис
Англискиот клуб го објави трансферот на 25-годишниот крилен напаѓач. Фудбалерот потпиша договор со тимот од Севиља до 2030 година. Претходно беше објавено дека Шпанците имаат загарантирана исплата од 22 милиони евра, а уште 3 милиони потенцијално ќе бидат исплатени во бонуси. Англичаните исто така ќе добијат 50% во случај Бразилецот да биде продаден.
The news that all of you wanted to read.
The GOAT is back.
Welcome home, @antony00! 💚
➡ https://t.co/8PIsDSkUIf pic.twitter.com/33sU2nmTQU
— Real Betis Balompié (@RealBetis_en) September 1, 2025
Виљареал го купи Микаутадзе од Лион за 31 милион евра
Виљареал го објави трансферот на Георги Микаутадзе од Лион. Договорот е до 2031 година. Лион објави дека договорот ќе биде вреден 31 милион евра, со уште 5 милиони во бонуси. Французите исто така имаат 10% од вредноста на играчот по препродажба.
𝗧𝗵𝗶𝘀 𝗶𝘀 𝗹’𝗔𝗹𝗱𝗲𝗮,
𝗧𝗵𝗶𝘀 𝗶𝘀 𝘆𝗼𝘂𝗿 𝗻𝗲𝘄 𝘀𝘁𝗮𝗿. pic.twitter.com/6rbEsHSjrR— Villarreal CF (@VillarrealCF) September 1, 2025
Баерн го доби напаѓачот на Челзи
Досегашниот напаѓач на Челзи, Николас Џексон ги помина медицинските прегледи за Баерн. Како што известува новинарот Флоријан Плетенберг, договорот е за позајмица со опција за откуп, што автоматски ќе стане задолжителен откако ќе се исполнат условите – одреден број одиграни натпревари.
За позајмицата Баерн ќе плати 16,5 милиони евра. Челзи ќе добие 65 милиони евра за опцијата за откуп доколку се активира. „Сините“ исто така ќе добијат процент од профитот од препродажбата на Николас. Официјална потврда за зделката се очекува наскоро.
🚨🔴⚪️ BREAKING: Bayern and Chelsea seal new agreement for Nicolas Jackson deal, done!
Loan + buy clause with new element of obligation to buy included in the deal for 2026, as Chelsea wanted.
Jackson already agreed 5 year deal at Bayern. €16.5m loan fee.
Here we go again 💣 pic.twitter.com/0O1HvrvRYh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2025
Џирона замената за Миовски ја најде во Украина
Џирона потпиша со напаѓач од украинската репрезентација. На местото на Бојан Миовски, Шпанците го донесоа Владислав Ванат од Динамо Киев. Страните потпишаа 5-годишен договор. Претходно беше објавено дека Каталонците ќе платат 15 милиони евра за играчот и уште 2 милиони во бонуси. Ванат стана најдобар стрелец во украинското првенство минатата сезона, постигнувајќи 17 гола.
Интер договори дефанзивец кој пред неколку дена го одби Милан
Интер постигна молскавичен договор за дефанзивецот на Манчестер Сити, Мануел Аканџи, кој пред неколку дена одби трансфер во Милан, објави Фабрицио Романо.
Договорот е за почетна позајмица вредна 2 милиони евра, а доколку се исполнат следните два услови: освојување на титулата во Серија А и учество на играчот во 50% од натпреварите на тимот, ќе се активира опција вредна 15 милиони евра за перманентен трансфер на Аканџи во Интер.
Мартинез одбил трансфер во Галатасарај
Според новинарот Санти Ауна, голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, одбил трансфер во Галатасарај. Турскиот клуб му понудил 22,5 милиони евра.
Неверојатно, но се чини вистинито
Ерик Тен Хаг добил клоца од Баер Леверкузан….Кратко траеше неговиот престој. Дојде во јуни….
Александер Исак е на медицински прегледи
Александар Исак е на лекарски преглед пред да потпише шестгодишен договор до 2031 година!
Ливерпул ќе плати трансфер од 125 милиони фунти, додека Њукасл ќе добие 130 милиони фунти со вклучена солидарна исплата по завршувањето на договорот.
Двата клуба веќе размениле документи за трансферот на Исак преку ноќ, официјално соопштение се очекува денеска.
Јувентус го позајмува Опенда од РБ Лајпциг
Лоик Опенда од денеска ќе биде ново засилување на Јувентус. Фудбалерот на германски Лајпциг доаѓа во Италија на потпис на позајмицата до крајот на сезоната, со право на откуп. Сумата на позајмицата е 4 милиони евра.
Марко Асенсио е исто така во Фенербахче
Со доведувањето на Едерсон, Фенербахче го комплетираше трансферот и на Марко Асенсио. Какви потези на турскиот великан!
Едерсон е новиот голман на Фенербахче
По осум години, Бразилецот Едерсон го напушта Манчестер Сити. Тој ќе ја продолжи својата кариера во Фенербахче.
🚨🟡🔵 BREAKING: Éderson to Fenerbahçe, here we go! Verbal agreement in place for Brazilian GK to join Fener.
Fee around €13/14m to Man City for Éderson and as also personal terms are agreed with his agent Jorge Mendes and director Devin Özek.
Up next: Donnarumma and City. 👀 pic.twitter.com/3QsxXvk7f7
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 1, 2025
⚠️ ОСТАНАТИ ТРАНСФЕРИ И ВЕСТИ ОД ПОСЛЕДНИОТ ДЕН НА ТРАНСФЕР ПЕРИОДОТ:
- Стразбур го објави трансферот на Бен Чилвел од Челзи. Станува збор за 2-годишен договор.
- Интер му го позајми Бенжамин Павард на Марсеј со опција за откуп за 15 милиони евра.
- Нотингем Форест го изнајми Зинченко и го купи крилниот напаѓач Баква за рекордни 35 милиони евра за Стразбур.
- Бенфика го купи најдобриот стрелец на Севиља, Лукебакио, за 20 милиони евра + 4 милиони евра и 15% профит од препродажба.
- Рен го купи Емболо од Монако за 15 милиони евра. Договорот е на 4 години.
- Нотингем Форест го потпиша 22-годишниот бразилски дефанзивец, Луис Едуардо Суарез од Ботафого. Страните потпишаа четиригодишен договор вреден 6 милиони евра.
- Миовски добива сериозна конкуренција во нападот на Ренџерс. „Полицајците“ денеска го урнаа клупскиот рекорд плаќајќи 8 милиони фунти + 2 милиони како бонуси за досегашниот фудбалер на Евертон.
- Јакуб Кивиор е нов член на Порто. „Змејовите“ платија позајмица во вредност од 2 милиони евра за полскиот дефанзивец од Арсенал и ќе мора да го откупат назад следното лето за дополнителни 17 милиони, а Арсенал ќе има и можни бонуси во износ од 5 милиони евра.
- Удинезе го потврди трансферот на Николо Заниоло. Италијанскиот играч од средниот ред пристигна од Галатасарај на позајмица за 3 милиони евра со две опции за откуп: Прва: 5 милиони и Галата да задржи 50 проценти од договорот. Втора: 10 милиони евра.
- Ништо од трансферот на Гуеи во Ливерпул. Последните вести велат дека тренерот на Кристал Палас, Оливер Гласнер, го блокирал трансферот. Ливерпул останува без планираниот дефанзивец.
- Сандерленд потврди едно од двете големи засилувања во последниот ден од преодниот рок. Ново име е холандскиот дефанзивец Лутшарел Гертруида од Лајпциг. Позајмицата е вредна 2,5 милиони евра со опција за откуп за 23 милиони.
- Барнли на местото на Дарко Чурлинов го донесе Португалецот Флорентино Луис од Бенфика. Станува збор за позајмица вредна 2 милиони евра.
- Виктор Бонифејс ги мина медицинските прегледи и се пресели од Баер Леверкузен во Вердер на позајмица. Баер ќе му плаќа дел од платата за време на позајмицата.
- Фулам цело лето одмораше, па во последниот ден од преодниот рок „фрли“ 40+5 милиони евра за Кевин од Шахтјор.
- Трансферот на Гуеи во Ливерпул е на раб да пропадне!
- Милан го поднесе во Сериа А договорот со Олимпик Марсеј за позајмицата на Адриен Рабио. Французинот се враќа на Апенините и ќе го облече дресот на „росонерите“.
- Галатасарај и Манчестер Сити се договорија за трансферот на Гундоган. Турците му понудија на играчот од средниот ред 5 милиони евра годишно.
- Алесандро Заноли се пресели од Наполи во Удинезе.
- Јунус Муса си отиде од Милан. 22-годишниот играч за врска се сели на позајмица во Аталанта.
- Микаутадзе од Олимпик Лион се сели во Виљареал за 31+5 милиони евра.
- Емерсон Палмиери се пресели во Олимпик Марсеј од Вест Хем. Според „Атлетик “, договорот е вреден 1 милион евра, вклучувајќи ги и бонусите.
- Џирона го купи Владислав Ванат од Динамо Киев. Страните потпишаа 5-годишен договор.
- Според новинарот Санти Ауна, голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, одбил трансфер во Галатасарај. Турскиот клуб му понудил 22,5 милиони евра.
- Може да се случи домино ефект, пишува Џанлука Ди Марцио: Сантијаго Хименез во Челзи, Артем Довбик во Милан и Брил Емболо во Рома, но Фабрицио Романо го отпишал таквото сценарио
- Челзи го објави потпишувањето на Факундо Буонаноте.
- Вулверхемптон го потпиша напаѓачот на Генк, Толу Арокодаре, за сума од речиси 24 милиони фунти. Нигерискиот интернационалец, кој беше најдобар стрелец во белгиската лига минатата сезона, потпиша договор од 4+1 година
- Александер Исак веќе ги помина медицинските прегледи и сега е подготвен да го потпише договорот со Ливерпул
- Александер Исак пристигна во Ливерпул за да помине лекарски прегледи пред неговиот рекорден трансфер на „Енфилд“.
- Барселона дефинитивно нема да се раздели со Фермин Лопес.
- Преговорите меѓу Челси и Баерн за Џексон повторно започнуваат, тврди „Скај Германија“.
- Во жарот на трансферниот ден, Тен Хаг беше отпуштен од Леверкузен.
- Нико Гонсалес од Јувентус е на медицински тестови во Атлетико Мадрид.
- Њукасл се договори со Брентфорд за напаѓачот Уиса.
- Баерн поднел понуда за талентираниот млад напаѓач на Митјиланд, Франкулинјо, тврдат во Данска.
- Голманот Сен Ламенс од Антверп постигнал договор со Манчестер Јунајтед.
- Одбранбеникот Наиф Агер го напушти Вест Хем поради Марсеј.
- Астон Вила е подготвена да нападне врз Њукасл за Вилијам Осула.
- Милан го пушти напаѓачот Чукуезе да оди на прегледи во Фулем.
- Астон Вила се договори со Манчестер Јунајтед за Санчо.
- Алекс Хименез од Милан станува дел од Борнмут.
- Сандерленд се засилува со холандскиот дефанзивец Хеертрујда од Лајпциг.
- Изнајмувањето на Николас Џексон од Челзи во Баерн (Минхен) конечно пропаѓа, Баварците се насочија кон ѕвездата на Аталанта, Адемола Лукман.
- Џејми Варди, кој е слободен агент, е на прегледи во Кремонезе
- Фабрицио Романо го објави трансферот на Донарума во Манчестер Сити како сигурен.
- Инкапи веќе е во Лондон за потпис со Арсенал
- Милан се договори со Марсеј за средниот играч Адриен Рабио
- 17-годишниот Аргентинец Франсиско Баридо од Јувентус се договори со Наполи и официјално побара трансфер
- Едон Жегрова од Лил патува кон Италија за својот трансфер во Јувентус
- Севиља потпиша со Алексис Санчез како слободен агент
- Средниот играч на Милан, Јунус Муса, е на прегледи во Аталанта
- Јувентус го договори напаѓачот Лоис Опенда од Лајпциг
- Донарума изгледа сигурен за Манчестер Сити
- Тотенхем покажал интерес за Рандал Коло Муани
- Сандерленд го купува напаѓачот Брајан Броби од Ајакс
- Манчестер Јунајтед и Бетис се договорија за Антони
- Емилиано Мартинез ја информира Астон Вила дека сака трансфер во Манчестер Јунајтед
- Конрад Хардер од Спортинг (Лисабон), кој беше на чекор од Милан, на крајот ќе го засили РБ Лајпциг
- Арсенал го зема Пиеро Инкапие од Леверкузен
- Ливерпул го позајми Костас Цимикас во Рома