Турција после 24 години до полуфинале Европско првенство

174
Фото: ФИБА

Турција е првиот полуфиналист на Европското првенство, откако ја совлада Полска со 91-77. Во битката за место во финалето ќе го чека подобриот од дуелот меѓу Грција и Литванија.

По изедначената игра во првата четвртина (19-19), Турција разликата ја направи во следниот период, на одморот имаа позитива од 46-32. Полска беше рамноправна во третата, а одлично и во последната четвртина, но тоа не беше доволно за пресврт.

Турција после пауза од 24 години повторно ќе игра полуфинале, последен пат беше дел од оваа фаза во 2001 година.

Шенгун со трипл-дабл беше лидер, зад неговото име запиша 19 поени, 12 скока и 10 асистенции, по 10 поени имаа Ларкин и Хазер. На другата страна Понитка имаше 19 поени.

Вториот четвртфинален дуел предвиден за денеска стартува во 20 часот.

 

ПретходноКуп на Македонија: Башкими преку Победа до 1/8 финалето
СледноЗемјотрес прекина прес-конференција во Атина