Американецот Си-Џеј Вилсон е ново име во Пелистер

91
Фото: КК Пелистер

Пелистер од денеска е посилен за уште еден американски кошаркар откако на „зелено-белите“ им се приклучи Си-Џеј Вилсон, 31-годишен поентер кој во новата сезона ќе ги брани боите на битолскиот прволигаш.

Вилсон е добро познато име ако се знае дека тој минатата сезона ја мина во македонскиот шампионат носејќи го дресот на Кожув. Токму Американецот беше најдобар кошаркар на Кожув ланската сезона, препорака за управата на „пелистерци“ да го вклучи во својата листа на желби, што на крајот резултираше со релизација на овој трансфер.

Си-Џеј Вилсон пред Кожув настапуваше и во Полска, каде со 22,3 поени по натпревар беше најдобар стрелец во својот тим, а претходно беше дел и од шампионатоите на Романија, Шведска, Албанија и БиХ.

Вилсон е петтото странско засилување за Пелистер сезонава, по Никола Малешевиќ, Џордан Скипер-Браун, Остин Прајс и Брејси Дејвис.

ПретходноКузмановски: Загреб доби многу со Карачиќ, кој сигурно ќе биде мотивиран поради неговото минато со Вардар!
СледноИталија да биде стартот на нешто убаво во овие квалификации