Пелистер е спремен за европскиот почеток и првото коло од групната фаза во Лигата на шампионите. Утревечер во Битола гостува поранешниот европски првак ППД Загреб. Противникот мотивира, но уште повеќе импонира што по неколку месеци ќе играме пред нашата публика – најдобрата во светот, велат од таборот на македонскиот првак.
Главна опасност од противничкиот таборот според капитенот ќе биде Игор Карачиќ, кој има мотив плус кога игра во Битола поради минатото во Вардар.
„Максимално се подготвуваме и го респектираме Загреб. Не треба да зборуваме за историјата на Загреб, мотивирани сме и сакаме со позитивен резултат да ја почнеме Лигата на шампионите. Загреб има искусни ракометари. Со Игор Карачиќ добија многу во нападот. Тој ќе ги спои бековите, искусен е, поминал многу и знае како се игра на Балканот. Сигурно ќе биде мотивиран заради неговото минато со Вардар, клуб со кој ја освои Лигата на шампионите. Сепак, нашиот фокус е на нашата игра, нашата одбрана. Мислам дека сезонава ќе бидеме многу посилни, засилувањата добро се вклопија и изградивме добар систем. Имаме позитивна атмосфера и мислам дека тоа ќе биде клучот за наш успех во среда“.










