Селекторите на Венецуела и Перу добија откази

103

Венецуела го отпушти селекторот Фернандо Батиста откако не успеа повторно да се квалификува за Светското првенство. Венецуела, единствената јужноамериканска репрезентација што никогаш не играла на Светско првенство, стигна до последното коло од квалификациите, при што требаше да ја победи Колумбија за да го обезбеди седмото место на табелата кое води во баражот.

Но, тимот на Батиста загуби со 6-3, додека Боливија го победи Бразил со 1-0 и обезбеди место во плејофот.

Отказ доби и селекторот н аПеру, Оскар Ибањез. Перуанците завршија деветти во квалификациите за Светското првенство на кој учествуваа 10 селекции. 58-годишниот Ибањез, кој беше назначен за привремен селектор откако беше отпуштен Хорхе Фосати, победи само на еден од шесте натпревари. Перу последен пат играше на Светско првенство во 2018 година.

ПретходноАврамовски е нов играч на Сиваспор
СледноСолев: Пролет има квалитет за плеј-оф!