Арсенал сигурен против Н.Форест

95

На стартот на денешната Премиер лига програма, тимот на Арсенал на домашен терен успеа да слави со сигурни и суверени 3:0, против екипата на Нотингем Форест.

Во дуел во кој домаќинот тотално домонираше врз во моментов разнишаниот противник, Арсенал поведе во 32. минута преку прекрасниот гол на Зубименди.

По само неколку секунди од стартот на вториот дел, Виктор Ѓокерес зголеми на 2:0, а во 79. минута Зубименди постигнувајќи го вториот гол ги постави конечните 3:0.

Арсенал сега има девет бода од четири меча, додека пак Н.Форест е на четири бода од исто толку мечеви.

 

ПретходноЈанис беше очаен, Шенгун порача: Знаеме дека не е добар додавач
СледноДинамо Букурешт гостин на Пелистер за 80. годишниот роденден