Ѓорческа „запрена“ во второто коло на Челинџерот во Самсун

48
ФОТО: Teniska federacija na Makedonija

Македонската тенисерка не успеа да ја мине втората пречка на W125 турнирот што се игра во турскиот град Самсун. Таа денеска загуби од Софија Костулас од Белгија со 2-0 во сетови (6-1, 6-4) во меч кој траеше 81 минута.

Ривалката која е 165.та на ВТА листата во првиот сет ја потврди фаворитската улога (осма носителка) и го доби со 6:1 во гемови со два брејка. Во вториот сет Костулас направи брејк за водство од 2:1 во гемови и таа предност ја зачува до крајот на мечот.

Лина Ѓорческа за настапот во второто коло ќе освои 15 поени и парична награда од 2.000 долари.

ПретходноПатот на Шкендија до Лигашката фаза во ЛК: Најслатко беше кога двапати беше совладан некогашниот европски првак!
СледноФИФА му одговори на Трамп: Ние одлучуваме за Светското првенство, не вие!