Полувреме Лига на Конференции: Шкендија против Рајо губи со 2:0

68

Иако потајно постоеше надеж во јавноста дека шампионот на Македонија, тимот на Шкендија на својот премиерен меч во групната фаза од Лигата на Конференции, ќе може да стори нешто повеќе на гостувањето кај шпанскиот тим Рајо Ваљекано, сепак, реалноста е поинаква.

По 45. минути на дуелот во Шпанија нашиот првак губи со 2:0, во игра во која домаќинот тотално доминира. Упати цели тринаесет удари кон противничкиот гол, од кои половина и повеќе беа заканувачки.

Домаќинот дојде до водство во 28. минута преку Лопез, а пет минути подоцна Перез зголеми на 2:0.

 

ПретходноОгромна финансиска загуба за Барселона – проблемите продолжуваат
СледноСтојанче Стојанов ќе го суди дербито помеѓу Вардар и Струга Трим Лум