Лига на Конференции: Дрита на Зекирија Рамадан со реми во Финска, Лех ја покажа силата против Рапид

33

Стартното коло во Лигата на Конференции каде што дебитираше и нашиот шампион, Шкендија, донесе неколку интересни и неочекувани резултати и изведби на екипите.

Екипата на Дрита од Косово, каде што е тренер нашиот Зекирија Рамадан, а каде што настапуваат Егзон Бејтулаи, и Блертон Шеји одигра 1:1 на гостувањето кај тимот на Купс од Финска.Секако за нашите интернационалци ова е одличен резултат и стимул за понатамошни добри игри.

Од друга страна пак, екипата на Лех на свој терен му одржа лекција на Рапид Виена со 4:1, а тимот кој што го елиминираше Вардар летово, Лозана пред своите гледачи победи со 3:0 против тимот на Бреидаблик.

Лига на Конференции:

Динамо Киев – Кристал Палас 0:2

Јагиелониа – Хамрун 1:0

Купс – Дрита 1:1

Лозана – Бреидаблик 3:0

Лех – Рапид 4:1

Ноа – Ријека 1:0

Омониа – Маинц 0:1

Зрињски – Линколн 5:0

 

ПретходноЛига на Европа: Лил ја изненади Рома на Олимпико
СледноМекгрегор: Ќе се бори во Белата куќа за 250-годишнината од САД