Скопски Маратон в недела ќе го собори рекордот по бројот на учесници

36

Во очекување на најновото издание на Скопскиот маратон, денеска организаторите на прес-конференција го најавија најголемиот тркачки настан во нашата земја. В недела низ скопските улици ќе продефилираат рекорден број на учесници, а се очекуваат и добри резултати.

„Во недела ќе се одржи 21 издание на Скопскиот маратон. Можам со задоволство да кажам дека годинава ќе имаме рекорден број на учесници, над 14.000. Има пораст во сите трки, маратон, полумаратон, штафетен маратон и трка на 5 километри. Повторно веќе неколку години наназад на трката на 5 километри имаме повеќе учеснички од понежниот пол. Во склоп на годинешниот Скопски маратон ќе се одржи и државно првенство во маратон, а оваа година ќе бидеме и домаќини на Балканското првенство во маратон. Следната година заедно со Министерството за одбрана ќе го организираме и Светското армиско првенство во рамките на Скопскиот маратон. Од денеска, па се до сабота, е отворен Маратон Експо, каде сите учесници си ги подигнуваат своите стартни пакети. Во организацијата се вклучени над 500 луѓе, плус 250 припадници на Министерството за внатрешни работи. Ова е еден вид празник на градот и промоција и на Скопје и на државата“, вели директорот на трката, Кире Синадиновски.

 

ПретходноФедерер влегува во тениската „Куќа на славните“
СледноМилевски: Покажавме дека можеме со сите, никој не може да ни го земе сонот за Мундијал