Во пресрет на вечерашниот меч со Белгија во Гент, и тоа каков проблем за селекторот Благоја Милевски. Имено офанзивецот на Кочаели, Дарко Чуринов и неговиот настап е под голем знак прашалник.
Во прашање била задната ложа.
Нашиот напаѓач, кој според Милевски беше проектиран и за стартер, синоќа на последниот тренинг на “Планет Груп Арената“ во Гент тренирал одвоено, а во еден момент се фатил за ложата и не го довршил тренингот.
Да се надеваме дека не е толку сериозно, па така ако веќе не може вечерва со Белгија, Чурлинов да може да настапи против Казахстан во понеделник во Скопје.
Останува да се види кога ќе биде објавен официјалниот состав, некаде околу 19-19-30 часот, за вечерашниот меч, дали во него ќе биде и Дарко Чурлинов.
Да кажеме и тоа дека сигурно нема да настапи и Бојан Илиевски поради жолти картони.










