Столе ВЕЛИКИ и останатите херои!

362

Да. Македонија и натаму е лидер на табелата во групата Ј и е лидер, замислете, по гостувањето кај Белгија вечерва во Гент.

Македонија одигра вечерва “докторски“ одбрамбено, сакаше бод и дојде до него. Македонија и натаму сонува, го сонува Мундијалот 2026!

Опасна Белгија, Македонија паметна, но за да се дојде до вакво реми во “пеколот“ во Гент ти треба фантастичен голма, а ние во Столе и тоа како го имаме.

Да, Столе ВЕЛИКИ, но и сите кои вечерва истрчаа на тревникот на “Планет Груп Арената“ се херои, наши херои и заедно со стручниот штаб.

Некој ќе рече дека Македонија имаше среќа, голема среќа, но таа среќа треба да се заслужи и Македонија во целост ја заслужи. Колку убаво беше на крајот да се види нервозниот селектор на Белгија, Руди Гарсија, како му честита на Милевски.

Колку е убаво да се види табелата во групата Ј.

Македонија е лидер, Македонија сега уште повеќе може да сонува големи нешта.

БРАВО МАКЕДОНИЈО!

ПретходноВрвот не го даваме! Бод како планина, челична Македонија
СледноМбапе го “реши“ Азербејџан, па се повреди, Германија убедлива…