Кога на 17 ноември 2023 година на “Олимпико“ во Рим бевме поразени со 5:2, ретко кој можеше да претпостави или да очекува дека во наредните две години, Македонија нема да доживее пораз.Јасно е дека тука не ги сметаме пријателските мечеви со оглед на тоа дека нашиот селектор на тие контролки просто ја “контролира“ формата и прави тактички замисли со цел кога ќе биде потребно тогаш работите да бидат ОК.
И така е.
Па така во пресрет на вечерашниот дуел во Гент со силната Белгија можеме да се пофалиме дека нашите “Рисови“ речиси две години се без пораз и дека на тие 12 меча имаме 8 победи и четири ремија со 22 постигнати и само 4 примени голови.
Па така нека биде и вечерва во 13-тиот меч, дали таа “тринаесетка“ ќе биде баксузна, останува да се види.
Знаеме што носи овој меч во Гент, знаеме дека со победа, прва во историјата, против Белгија ќе бидеме на чекор до Мундијалот.
Затоа…
Напред Македонија!
СИТЕ 12 НАТПРЕВАРИ
20.11.2023: Македонија – Англија 1:1
07.09.2024: Ф. Острови – Македонија 1:1
10.09.2024: Македонија – Ерменија 2:0
10.10.2024: Летонија – Македонија 0:3
13.10.2024: Ерменија – Македонија 0:2
14.11.2024: Македонија – Летонија 1:0
17.11.2024: Македонија – Ф. Острови 1:0
22.03.2025: Лихтенштајн – Македонија 0:3
25.03.2025: Македонија – Велс 1:1
06.06.2025: Македонија – Белгија 1:1
09.06.2025: Казахстан – Македонија 0:1
07.09.2025: Македонија – Лихтенштајн 5:0
ВКУПНО: 12 8 4 0 22:4










