Саудијците му нудат 500.000 евра неделно, но тој решил да остане во Манчестер Ј.

27

Хари Мегваер е многу блиску до завршување на договорот со Манчестер Јунајтед, но тој нема намера да си замине. Неговиот договор истекува во јуни, а веќе е познато дека добил понуди од два клуба од Саудиска Арабија, Ал Наср и Ал Етифак.

Манчестер Јунајтед би можел да му понуди нов договор, а желбата на Мегваер е да остане во клубот до крајот на кариерата. Но, има некои услови од кои зависи дали Мегваер и Јунајтед ќе се договорат, а доколку тоа се случи, јасно е дека дефанзивецот ќе одбие половина милион евра на неделно ниво.

Мегваер веќе има 32 години, а оваа сезона одигра седум натпревари за Манчестер Јунајтед, постигна еден гол и имаше една асистенција.

ПретходноФИФА пак се „прави паметна“: Воведува шеста измена но само за продолженијата!?
СледноПелистер немоќен: Барселона дојде, виде и победи (ФОТО)