Пелистер не успеа да дојде до сензационален резултат против Барселона, на домашен терен беше совладан со 30-34 во меч од петтото коло во Лигата на шампиони. За македонскиот првак ова беше четврти пораз во низа.
Никола Митревски имаше 12 интервенции, Хенигман и Манасков беа стрелци на осум погодоци. На другата страна Мем имаше шест гола исто колку и Макуц.
Добри 20 минути за актуелниот македонски првак против каталонскиот гигант во првото полувреме, беше рамо до рамо. Најголемата позитива беше ден гол, по последните 9-8 темпото падна. Следеше серија од 1-7 на Барселона за водство од 10-15 во 26 минута. На одморот резултатот беше 13-17.
После девет минути игра во вториот дел гостите поведоа со највисоки плус седум (17-24). Битолчани не се откажаа од помислата да одиграат што подобро против големиот фаворит, на крилата на одличниот Никол Митревски на шест и пол минути до крајот дојде на четири гола негатива 27-31, па Ортега мораше да повика тајм-аут.
Во игра се врати Дика Мем, а Барселона продолжи да чекори кон победата, беше прашање само разликата на крајот.
Следен предизвик за македонскиот првак во ова натпреварување е Магдебург, мечот се игра на 23 октомври.
На останатите средби Алборг славеше против Динамо Букурешт со 34-28, Пик Сегед на домашен терен беше совладан од Магдебург со 30-34, додека пак Висла го победи ПСЖ дома со 35-23, додека Кјелце беше совладан од Нант со 27-35.