Гарабаја: Имавме добар меч, но не и перфектен

12

Пелистер зад себе го има дуелот против Барселона, прв во својата историја. Каталонскиот тим за првпат гостуваше во Битола, а на дело можеше да ја види атмосферата за која се зборува во Европа.

Актуелниот македонски првак имаше добри 20. минути на стартот, и во самиот финиш. Противникот покажа зошто е најтрофеен во Лигата на шампиони, силите ги распредели доволно за да ги освои бодовите.

„Игравме против можеби најдобриот тим во светот. Да ја победиш Барселона мора да си перфектен, ние имавме добар меч, но не и перфектен. Правевме некои лесни грешки, не најдовме решение да ги сопреме во одредени ситуации. Вториот дел беше многу подобар, видов борба. Имавме мала шанса на крајот на мечот, но не можевме да победиме. Мислам дека напредуваме секој ден и сме подобри, мора да го ставиме фокусот дури и на најмалиот детал во играта. Мора да го држиме фокусот, да бидеме паметни во најситните моменти. Знам дека некогаш не е лесно да се прави тоа, но мора да работиме на таквите работи за да дојдеме до нови победи“, изјави Гарабаја. 

Пелистер веќе денеска игра нов меч, но во домашниот шампионат, му гостува на Тиквеш, дуелот е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноПМФЛ: Мега – дербито Шкендија – Вардар се игра в понеделник!
СледноЕдвардс му се „закани“ на НБА инсајдер: Подобро ќе биде…