Шампионот со осцилации, сепак, дојде до очекувана победа во Кавадарци

46

Со мали проблеми во текот на второто полувреме, актуелниот шампион Е. Пелистер, сепак, успеа да дојде до очекуваната победа на гостувањето кај Тиквеш во последниот меч од 7. коло во Суперлигата. Битолчани славеа со 25:30 неполни 24 часа по тешкиот меч со Барселона кој вчера го одиграа на домашен терен во Лигата на шампионите.

Тиквеш вечерва се претстави како солиден ривал, па и во првото, а особено на стартот на второто полувреме одржуваше неизвесност против фаворитот. Битолчани на полувреме имаа преност од 12:15, а на стартот на вториот дел успеаја да ја задржат разликата само некои 5 минути, пред Тиквеш да успее да искористи неколку промашувања на противникот и да дојде до израмнување 18:18.

Мечот во егал остана се до 46 минута, кога „зелено-белите“ успеаја да ја вратат предноста од три гола и да влезат во мирен финиш.

Дури четворица во составот на Е. Пелистер мечот го завршија со по пет постигнати гола: Хакбарт, Тајник, Павле и Петар Атанасијевиќ, додека кај Тиквеш, Мохамед Магди постигна 8, додека Коцев заврши со 7 погодоци.

 

ПретходноМхитарјан оди во пензија на крајот на сезоната
СледноПотер е веќе во Шведска, наскоро ја презема репрезентацијата