Со натпреварот меѓу Младост УГД и Фит Фан Волеј денеска беше заокружено првото коло од новата сезона во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Штипјанки пред своја публика остварија многу важна победа над нашиот годинешен претставник во БВА Балканскиот куп со 3:1 (25:18, 25:16, 24:26, 26:24).
Фит Фан Волеј во третиот сет ја искористи третата сет топка за да намали на 1:2 во сетови, а малку недостасуваше да се избори и за тај -брејк откако во четвртиот сет се врати од три негатива и изедначи на 24:24, но немаше сили за комплетен пресврт.
Во редовите на Младост УГД интернационалките Галдино со 19 поени и Контонасиу со 10 поени беа најефикасни, додека во редовите на Фит Фан Волеј со 21 поен, Матеа Петровска беше најдобар поентер на мечот.
ПРВА ЛИГА – ЖЕНИ – 1 КОЛО
Пелистер волеј – Јанта волеј – КВ 1:3
Ускана – Вардар ЕМ 0:3
Наковски волеј – Газели волеј 3:0
Младост УГД – Фит фан волеј 3:1
Работнички – Струмица 3:0