Јакимовски постигна 15 поени, Тренто загуби во Лондон

43
Фото: Тренто

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски со 15 постигнати поени беш трет стрелец во составот на Тренто на вечерашниот пораз кај екипата на Лондон Лајонс во меч од 3. коло на Еврокупот. Тренто го загуби дуелот со 87:71, а Јакимовски покрај 15-те поени имаше и 6 скока за близу 23 минути поминати на паркетот.

Тренто во досегашниот дел од натпреварувањето има само една победа и се наоѓа на самото дно на табелата.

ПретходноЃоковиќ: Се уште сум мотивиран, можам да играм на највисоко ниво
СледноАнглија забрани присуство на израелски навивачи на мечот Астон Вила – Макаби ТА