Танески за дуелите со Словачка повика 19 ракометари

100

Македонската младинска ракометна репрезентација закажа два пријателски дуели со соодветната сениорска селекција на Словачка. Во овој ЕХФ репрезентативен прозорец нашите млади ракометари ќе имаат одлична проверка против силен противник.
По тој повод, селекторот Наум Танески денеска го објави списокот, на репрезентативци на кој што се наоѓаат деветнаесет имиња.

Натпреварите се предвидени да се одиграат на 30 октомври во спортската сала „Јане Сандански“ со почеток во 18:00 часот и на 1 ноември со почеток во 14:00 часот.

Собирот на ракометарите ќе се одржи на 27 октомври (понеделник) во 12:00 часот во Хотел Русија

ПретходноКузманоски одбра за У18
СледноМакедонската женска А репрезентација ќе одигра два контролни натпревари против Русија