Ракометарите на Тиквеш славеа кај Радовиш со 26:33 и ја остварија и третата сезонска победа во Суперлигата. Во последниот натпревар од 8. коло, кавадарчани беа подобар противник од Радовиш, кој и по ова коло останува без ниту еден освоен бод во суперлигашкото друштво.
Тиквеш во првиот дел одигра многу лошо и им дозволи на домашните да се понадеваат на успех. Имено, Радовиш на пауза замина со предност од 13:11, но од стартот на вториот дел работите на теренот значително се променија. Тиквеш заигра, домашните немаа сили да го следат ритамот и веќе во 38. минута, гостите имаа предност од 4 гола (14:18).
До крајот на средбата Радовиш не успеа да се врати во ритам, а Тиквеш тоа го искористи за да ја запечати победата. Димитар Коцев и Мијушковиќ со по 7 гола беаз промашување беа најефикасни кај гостите, каде 6 гола од исто толку обиди имаше и Мартин Димовски.
Во составот на Радовиш со 8 гола од исто толку обиди најефикасен беше Мартин Димов.