ТФТ не се намачи за да ги освои бодовите во Чаир

102

Кошаркарите на ТФТ без поголеми проблеми славеа со 64:82 на гостувањето против Чаир во мечот од 3. коло во домашното првенство. Гостите уште во првите 20 минути од средбата направија разлика која практично го најави нивниот триумф.

ТФТ по првата четвртина имаше плус три (17:20), а до полувреме разликата се искачи и на 12 поени (30:42). Чаир немаше решение за расположените Гордон и Дејвис кои го понесоа гостинскиот состав до победата.

Слична кошарка гледавме и во вториот дел во кој ТФТ само ја „забетонира“ и онака високата победа. Дејвис постигна 24 поени за гостите, додека Гордон додаде 21. кај Чаир светла точка беше Билинсли со 13 поени.

ПретходноРадовиш водеше на полувреме, па убедливо загуби од Тиквеш
СледноСтарт за во затвор: Црвениот картон на Пафос за кој се збворува (ВИДЕО)