Фудбалерите ќе играат на „тепих“ терен, „црвено-жолтата“ боја веќе блеска во Кардиф!

306

Македонската фудбалска репрезентација утре го игра последниот квалификациски меч за пласман на СП 2026 година. Иако постојат луди теории за директен пласмн на Мундијалот, сепак најреалната вели дека Македонија против Влес на гостински терен ќе игра за пласман во подобар шешир пред ждрепката за баражот.

Нашите момци веќе се таму, денеска ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот Кардиф Сити. Теренот е одличен, подготвен за пресметката меѓу двете репрезентации, по нашки би се рекло „тепих“ терен.

Трибините ќе бидат исполнети, а се очекуваат околу 700 македонски фанови.

Првиот веќе е таму. Популарниот Кипре, поддржувач на сите македонски национални тимови ги разви „црвено-жолтите“ бои пред стадионот. Атмосферата сигурно ќе биде одлична пред утрешната средба кога ќе доминираат и боите на Македонија.

ПретходноХаланд: Манчини почна да ме напаѓа и да ме допира по задникот! Му благодарам многу!
СледноМартин Томовски повторно е во дрим-тимот во Бундес-лига 2