Ако Чаби Алонсо добие отказ, тогаш ќе добие и 30 милиони евра од Реал Мадрид!

38
ФОТО: Real Madrid FC/FB

Чаби Алонсо не треба да биде премногу загрижен ако добие отказ од Реал Мадрид. Иако беше пречекан во Мадрид како човекот со кој започнува новата ера на Реал, тој се соочува со отказ од функцијата тренер на кралскиот клуб по само 28 натпревари.
Незадоволството е големо меѓу челниците на Реал, поразите од Манчестер Сити и Селта за неколку дена само ја продлабочија кризата и се повеќе се шпекулира дека Чаби наскоро ќе стане поранешен.

Ултиматумот за 44-годишниот специјалист е победа во првенството над Алавес. Доколку има нов неуспех, Алонсо може да си ги спакува куферите бидејќи речиси сигурно ќе стане поранешен. Сепак, барем од финансиска страна, Чаби Алонсо од Мадрид нема да си замине незадоволен. Тој е под договор со „Кралевите“ до летото 2028 година и има огромен договор кој ќе мора да се исплати во целост доколку биде отпуштен.

„Реал Мадрид би можел да им исплати повеќе од 30 милиони евра на Чаби Алонсо и неговиот тим поради отказот. Неговата плата е околу девет милиони евра нето по сезона“, велат шпанските медиуми. Алонсо дефинитивно би имал корист од отказот, но тешко е да се поверува дека би прифатил таква судбина без оглед на парите. Тој сонуваше за клупата на Реал, ги отфрнуваше понудите на Ливерпул и Баерн да биде таму, но тренерскиот живот е суров и нема да биде изненадување ако добие отказ веќе за време на викендот.

ПретходноБлагодарение на Шкендија скокнавме за уште едно место на УЕФА листата! (ФОТО)
СледноШкендија и со пораз на Кипар може да заработи 200.000 евра!