Првата понуда од С. Арабија за Салах е 2,8 милиони евра неделно!

47
фото: LiverpoolFC (X)

Нема веќе дилеми. Мохамед Салах е пред заминување од Ливерпул, а како што пренесуваат медиумите на Островот пристигнала и првата официјална понуда од С. Арабија. Тој деновиве имал интересна средба која се обиде да ја сокрие, но Англичаните разоткрија сè. Станува збор за средбата на Салах со неговиот поранешен соиграч од Ливерпул, Џордан Хендерсон во Лондон. Салах не беше во тимот на Ливерпул за натпреварот од Лигата на шампионите против Интер во Италија, и очигледно отишол да добие совет од поранешниот капитен на тимот од Енфилд.
Навивачите беа изненадени кога хиерархијата на клубот одлучи да го поддржи Слот, а не Салах, и покрај лошите резултати на Ливерпул, и веднаш се појавија клубови кои сакаа да го доведат во јануари.
Салах ќе патува на Африканскиот куп на нации за неколку дена, а прашањето е дали некогаш ќе се врати на Енфилд како играч на Ливерпул. Саудиските клубови Ал Хилал, Ал Кадиса и Неом се три клуба кои се многу заинтересирани за Мо Салах, а тука се и Сан Диего и Чикаго Фајер од Америка. Клубовите од Саудиска Арабија наводно се подготвени да му понудат на Ливерпул околу 85 милиони евра за трансферот на Салах оваа зима.
А кога станува збор за договор за Салах од неименуван клуб во Саудиска Арабија, понудата е на маса.
Така, Салах наводно би заработувал дури 2,85 милиони евра неделно, што секако не е нешто за кое Египќанецот ќе размислува. Сепак, тој наводно ќе мора самиот да ја донесе конечната одлука, а Ливерпул има јасен став и повеќе не го гледа со истите очи како порано во овој клуб.

ПретходноШкендија и со пораз на Кипар може да заработи 200.000 евра!
Следно“Бомба“ во најава: Лаутаро Мартинез во Барселона?!