Во новата година влеговме со национален рекорд: Дарио истрча рекорд во Мадрид!

102

Ако годината се гледа по тоа како ќе почне, македонското маратонско трчање ќе има година за паметење!

На преминот од старата кон новата година, нашиот најдобар маратонец, Дарио Ивановски, на трката на 10 километри во шпанската престолнина истрча нов национален рекорд на Македонија, со време 28.59 минути.

Дарио ќе биде забележан како првиот Македонец кој на 10 колометри ја урнал границата од 29 минути. Вчера Дарио во Мадрид истрча рекорд со кој освои 17. место.

Тркатана 10.000 метри во Мадрид дојде како своевидна контрола на формата пред она главното што следи за 45 дена, а тоа е маратонот во Севиља, каде Ивановски отворено најави дека ќе се обиде да истрча норма и за ЛОИ 2028.

ПретходноГодина за паметење: Големо БРАВО за ЕВРОПСКА Шкендија!
СледноОфицијално: Челзи се раздели со Мареска! (ФОТО)