Нов триумф на Словенецот: Домен Превц и во Гармиш фантастичен, Зајц исфрлен од турнејата!

211
ФОТО: FIS/Action Press/Julia Piatkowska

Едноставно фантастичен, едноставно најдобар без конкуренција. Тоа е Домен Превц од Словенија кој и денеска во Гармиш – Партенкирхен, од Ниовогодинешната турнеја „Четири скокалници“ успеа да победи, да биде најдобар како и пред два дена во Оберсдорф на стартот.

Словенецот и денеска ја искажа сета своја класа на една од најпознатите скокалници.

Имаше скокови од 143 и 141 метар и со освоени 303,1 поени го освои првото место. Како втор заврши Јан Херл од Австрија а трет беше Стефан Ембахер исто од Австрија.

Инаку Тими Зајц имаше, според строгите правила, неисправна опрема па сега е исфрлен од Новогодинешната турнеја. Во Оберсдорф доби жолт картон што се вели, а денеска во Гармиш – Партенкирхен црвен и затоа е исклучен од турнејата. Ова секако делува шокирачки за него, но и за сите негови фанови во неговата Словенија.

ПретходноСкандал: По неуспехот на АФКОН суспендирана е репрезентацијата, стручниот штаб распуштен, Обамејанг е исклучен!
СледноМареска преговарал со Сити, затоа добил отказ! Неговиот наследник во Челзи ќе ги шокира сите!