РАКОМЕТНИ МОМЕНТИ: Алкалоид, Галевски и македонска репрезентација!

414

Велат дека првиот ден од Новата Година треба да биде резервиран за навраќање на убавите моменти од претходната година. Токму затоа први јануари го одбравме за сето она што беше број еден на ракометен план.

Дефинитивно победникот е Алкалоид, тимот кој се темели на македонски производ испиша историја – стана првиот македонски тим кој го освоил ЕХФ Европскиот Куп.

Ракометната икона, Кирил Лазаров покажа дека нашите ракометари имаат квалитет, потребно е само некој да ги поддржи, да ги стави во прв план и да им пружи голема доза на доверба.

Алкалоид во големото финале среде Атина го победи АЕК, а потоа реваншот го доби со службен резултат.

Кирил Лазаров и неговите момци имаа одлична евро-сезона, до пехарот дојдоа до десет победи, едно реми и еден пораз.

Иван Галевски ѕвезда што допрва треба да блеска

Македонскиот репрезентативен голман, Иван Галевски дефинитивно ја одбележа 2025 година. Не само Македонија, туку цела Европа ќе ги памети неговите пет одбрани од седум метри среде Атина. Овој момент е крунисан со една прекрасна фотографија која ќе остане во историјата на Алкалоид, но и македонскиот ракомет.

Галец е ѕвезда што допрва треба да блеска.

Македонската ракометна репрезентација повторно на големо натпреврувње

И на стартот на 2026 година, во ладниот јануари главни ќе бидат ракометарите бидејќи повторно се изборија да бидат дел од едно големо натпреварување. Кирил Лазаров и неговите момци ќе бидат дел од Европското првенство 2026 година, ќе играат против Данска, Португалија и Романија, град домаќин е Хернинг.

На стартот на 2025 година одиграа феноменално Светско првенство, уште еднаш се покажа дека процесот на промена на генерација чекори кон вистинскиот пат.

ПретходноОфицијално: Челзи се раздели со Мареска! (ФОТО)
СледноМладинците на РК Пелистер ги добија ривалите во ЛШ!