Колената на Бонифејс откажуваат…. нигериецот става крај на кариерата

238

Нигерискиот напаѓач Виктор Бонифејс, најверојатно ја завршува фудбалската кариера на 25. години, поради хронички проблеми со колената.

Ужасните повреди на овој екстра квалитетен напаѓач му ја уништија кариерата, и тој наместо мега трансфер става крај на кариерата.
А има само 25. години. Ведетата на Баер Леверкузен, со кого овој клуб стигна и до титулата во 2023/24 година е пред пензионирање, откако како позајмен играч во Вердер одигра само 300 минути, и одново ќе мора да прави операција. По првата, онаа на вкрстените лигаменти паузираше речиси две години, а сега е потребна нова, за што лекарскиот тим кој што го води вели дека не само што може да го одстрани трајно од професионалниот фудбал, туку може да доведе и до траен инвалидитет.

Токму затоа, Бонифејс на лето најверојатно престанува со фудбал.

 

Претходно„Не верувам во она што го велат за Синер и Алкараз“
СледноОфицијално: Никлас Фулкруг е нов играч на Милан