Македонија е комплетна, Томовски порача: Ќе оставиме срце на терен – тоа е сигурно!

167

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав ги одработува подготовките за настап на престојното Европско првенство. Последен во стројот се приклучи Мартин Томовски. Репрезентативниот голман имаше обврски со својот клуб Битигхајм, каде блеска цела сезона. Посакува истата форма да ја пренесе и во националниот дрес.

„Се чувствувам одлично, бранев во добра форма на клупски план. Искрено се надевам дека таа форма ќе ја пренесам и во репрезентативниот дрес“, вели Томовски, кој од денеска се приклучи на подготовките на националниот тим.

Македонија на Европското првенство ќе игра против Данска на 16 јануари, два дена подоцна е дуелот со Португалија, додека групната фаза која се игра во Хернинг ја затвара против Романија.

ПретходноЦ. Звезда со убедлив триумф во Истанбул ја почна 2026-та во Евролигата
СледноОд Унгарија во Полска: Кипријановска потпиша за Рух Калиш