Македонскиот прволигашки фудбалски шампионат, во себе крие податок во моментов кој што ќе ги побие мислењата дека во суштина се работи за слаба конкуренција. И тоа не било каков податок, туку за ефикасноста.
Конкренто, македонската фудбалска прва лига е трета во Европа по просек на постигнати голови на еден меч. Статистиката вели дека македонските клубови во меѓусебните дуели постигнуваат во просек по 3.16 голови по натпревар.
Конкретно, во есенската полусезона се одиграни 96. мечеви, а се постигнати 304 погодоци.
Подобри лиги од нашата што се однесува до овој податок се само холандската, односно швајцарската.
Голгетери во сите екипи
Прволигашите сезонава може да се пофалат со екстра ефикасни напаѓачи во своите редови. Есенскиот првак Вардар ги има Мато и Омерагиќ кои што постигнаа по 12 односно осум голови. Струга го има Компаоре, кој што е на врвот на листата со 12 гола како и Мато. Шефит Шефити од Арсими има гол помалку, додека Силекс го има Мирчевски со девет погодоци….















