Пораз на стартот на ЕП: Данската машина пресилна за македонските ракометари (ФОТО)

153

Македонската ракометна репрезентација со пораз стартуваше на Европското првенство, откако беше совладана од актуелниот светски и олимписки првак со 36-24 (17-12). Домаќинот покажа зошто е најголем фаворит за златниот медал на дело, а на патот кон триумфот имаше поддршка од своите фанови. На трибините во „Јиске Банк Боксен“ Арената имаше 15.000 навивачите.

На оваа средба Кирил Лазаров не сметаше на Никола Митревски и Жарко Пешевски.

Голманите беа наша слаба страна, Томовски запиша 4 одбрани во првото полувреме, Галевски не запиша ниту една Серафимов беше стрелец на 6 гола, Кузмановски и Митев имаа по четири гола.

По две одбрани на двете страни, на Томовски и на Нилсен. Марко Митев го отвори мечот, 0-1 во третата минута. Ристевски заработи исклучување, на другата страна Јакобсен од седум метри израмни на 1-1, Гидсел зголеми на 2-1. После голот на Велковски за 3-3, домаќинот со серија од 5-0 набрзина зголеми на 8-3 на стартот на 10-та минута. Митев на момент го прекина налетот (8-4), но Данска продолжи во пеколен ритам, и во нападот, и во одбраната. На средината на првиот дел беше 11-5.

Сепак и Македонија имаше свои минути. Со головите на Стојковиќ и Серафимов, Македонија дојде на минус три (13-10) во 22-та минута. Иако Томовски запиша неколку одбрани, Данска на одморот имаше плус пет (17-12).

На стартот на вториот, домаќинот веднаш зголеми на +6 (20-14). Беше тешко да се прати ритамот на Данска, иако нашите момци не се откажуваа, сепак искуството на противникот и квалитетот што го располага не дозволуваше овој меч да заврши поинаку. Гидсел со својот петти погодок зголеми на 24-15 во 40-та минута.

Данска печат на победата стави на средината на второто полувреме кога го запиша првото двоцифрено водство на мечот од 27-17.

Македонија утре е слободна, додека во недела ја игра втората средна на ЕП, за противник ја им селекцијата на Португалија.

ПретходноРоналдо за Роналдо: Јасна е разликата меѓу мене и Кристијано!
СледноКузмановски: Во грч го отворивме мечот, пробавме да изненадиме ама Данска е силна селекција!