Матијас Гидсел најдобриот ракометар на Данска после победта над Македонија даде интересна изјава. Вели дека не биле мирни, бидејќи знаеле дека Киро може да подготви изненадување.
„Влеговме малку нервозно во мечот, сакавме да ја почувствуваме атмосферата во салата, која беше навистина фантастична. Исто така, знаевме дека Кире Лазаров ќе стори нешто за да не изненади на тактички план. Онаа одбрана, зоната 5-1 во првото полувреме, за момент предизвика да не играме онака убав ракомет како вообичаено. „Фластерот“ на мене малку исфрли од ритам, но Лауге и Питлик потоа го искористија просторот што се отвори со таа зона и полесно ги решававме акциите. Македонија во секој случај покажа квалитет, верувам дека со подобра офанзивна игра би можела да се носи со Португалија“, изјави данскиот ракометар.










