СпортСпорт во Хернинг,
Марија Ковачева
Македонија на својот прв меч на ова ЕП не одигра така лошо против најсилната селекција во светот. Јасно е дека попразот е убедлив, но сепак имаше и светли моменти. Нема простор за разочравување, за нас допрва претстои она вистинското.
По мечот со Данска свој коментар имаше капитенот Филип Кузмановски:
“Како прво честитки на Данците за победата. Мислам дека во грч го отворивме овој меч, мислам дека со Португалија и Романија ќе бидеме поопуштени. Секако дека ќе анализираме, но како што кажвме пред ова ЕП, со Данска ќе пробаме да изненадиме, но навистина е тешко.За мене Данска е фаворит за златниот медал. Нашиот таргет се Португалија и Романија. Треба да се подготвиме максимално, грешките да ги поправиме, полесно ќе влеземе на тие два меча. Повеќе треба да веруваме во себе, ќе бидеме далеку подобри од вечерва“ истакна Кузмановски и продолжи:
“Имавме многу технички грешки и промашени шутеви, но со време тоа го поправаме и мораме да биде на минимум ако сакаме да победиме една таква голема репрезентација како Португалија и Романија. Доста ги анализиравме овие два меча, добро знаеме од каде доаѓа опасноста. Тие исто трчат како Данците. Вечерашниот меч беше еден добар тест што не очекува против Португалија и треба да одговориме на таа брза контра и да се надеваме на позитивен резултат“ заклучи Кузмановски.










