Лазаров ќе чека до последен момент за Митревски и Пешевски

1239

Македонската ракометна репрезентација на првиот натпревар на Европското првенство беше без помошта на искусниот тандем од Пелистер, Никола Митревски и Жарко Пешевски. Селекторот, Кирил Лазаров не ги изостави случајно против Данска, двајцата се пожалиле на ситни повреди, па предводникот на нашиот национален тим не сакаше да ризикува.

Нивната ситуација ќе се следи во текот на денешниот и утрешниот ден, по што медицинскиот тим ќе одлучи дали ќе му бидат на располагање на Лазаров за утрешниот меч против Португалија.

„Митревски и Пешевски имаат ситни проблеми со повреда и заедно со медицинскиот тим и тренерите моравме да ги поштедиме. Се надевам дека за овие два дена ќе ги рехабилитираме и ќе ни бидат на располагање со Португалија. Со нив сигурно ќе бидеме и подобри. Да беа здрави сигурно ќе беа во составот бидејќи тоа се одлични играчи со добра сезона и се надевам дека во недела ќе бидат дел од составот“ – информираше селекторот Лазаров.

ПретходноЏирона со гостински триумф кај Еспањол
СледноКлиперси ја добија драмата со Торонто (ВИДЕО)