Сцена за паметење: Федерер го прекина мечот за да се поздрави со Новак! (ВИДЕО)

149
ФОТО: Screenshot/X

На церемонијата на отворањето на АО во Мелбурн, легендарните ривали Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер повторно се сретнаа, сцена по која тениски свет денес бруи. Швајцарецот пристигна во Мелбурн како пензионер, за прв пат по пет години, за да ја одбележи церемонијата на отворањето на Австралија Опен и во таа прилика се сретна со српскиот ас кој седеше во публиката. Оваа средба беше и моментот што ја одбележа вечерта. Кога го забележа Новак во првите редови на Род Лејвер Арената, Федерер веднаш го прекина егзибицискиот натпревар и истрча кон него да го поздрави. Потоа следеше срдечна прегратка од легендите кои заедно освоија дури 44 Гренд Слемови, од кои сите беа проследени со овации од воодушевената публика од трибините.На централниот терен во Мелбурн беа присутни многу великани, но средбата меѓу Новак и Роџер несомнено ги засени сите. Погледнете го моментот кога Роџер Федерер го поздравува Новак Ѓоковиќ во приложеното видео, кое за кратко време го обиколи светот.

ПретходноРеал се мачеше против Леванте
СледноТиквеш вели, Анталија доаѓаме….