Како што и беше најавено, од денеска фудбалерите и стручните штабови на Шкендија и Струга ТЛ ќе ги стартуваат своите подготовки во Анталија. Експедициите на двата клуба утринава “летнаа“ за познатиот спортско – туристички центар во Турција.
Тренерите на двата тима, Јетон Беќири и Бледи Шкемби во следните десетина дена ќе треба да ја пронајдат вистинската форма за тоа што и двата тима ги чека, а тоа е битка за титулата, се разбира заедно со есенскиот првак Вардар. Тетовци ги чека и настап во 1/16 финалето во Лигата на Конференции против Самсунспор.
Покрај вообичаените тренинзи, фудбалерите на Шкендија и Струга ТЛ ќе одиграа по неколку контролни меча.




















