Алексовски во тимот на колото во Албанија, Нухиу е тренер на колото! (ФОТО)

264
ФОТО:facebook.com/FlamurtariFaqjaZyrtare

Македонскиот репрезентативен голман Игор Алексовски, уште еднаш ја потврди својата класа. Имено тој на голот на Фљамуртари, во меч од 22.коло во Суперлигата во Албанија е најзаслужен што неговиот тим на гости одигра 0:0 и освои голем бод. “Чиста“ мрежа на Алексовски, одбранети неколку удари и затоа се најде во тимот на колото во елитната лига во Албанија или најдобар голман во колото.

Ова е според сајтот и социјалните мрежи на Фудбалската федерација на Албанија.

Инаку Алексовски направи трансфер во Албанија, во тимот на Фљамуртари минатото лето и тоа од Работнички.

Ова коло, како тренер, го одбележа и нашиот стратег, Ардијан Нухиу кој пак е прогласен за тренер на ова 22.коло.

Нухиу како тренер на Тирана успеа на својот тим да му донесе победа со 0:1 на гости кај Вора.

ПретходноГРК Охрид го официјализираше Вуко Борозан (ВИДЕО)
СледноПрва лига жени: Пробаскет во пенал-завршница до победа против МЗТ Бела вода