Познато е дека есенскиот првак, Вардар, на 7 февруари (сабота) својата “генералка“ во пресрет на стартот на пролетниот дел ќе ја има во Кочани на гости кај второлигашот од Осогово. Доцна попладнево се огласија и од страна на клубот од Кочани и нагласуват дека овој натпревар ќе биде од хуманитарен карактер.
“Натпреварот ќе има хуманитарен карактер и се организира во чест и сеќавање на трагичниот настан од 16 март. Сите собрани средства ќе бидат наменети за изградба на спомен – обележје, како траен симбол на почит и сеќавање“ нагласуваат од клубот од Кочани.
Инаку Вардар денеска го одигра својот последен пријателски во Анталија и тоа против Алашкерт на кој беше поразен со 0:3. Контролата со Осогово ќе биде последна во текот на овие подготовки со оглед на тоа дека на 11 март (среда), на ФФМ во рамките на 17.коло или прво пролетно ќе ги одмери силите против Арсими.















