Данците ќе имаат прослава: Ќе се возат со автобус и ќе печат палачинки

711
фото: EHF Champions League @ehfcl (X)

Откако по 14 години чекање, конечно, го освоија европското злато, данските ракометари ќе добијат голема прослава во Копенхаген.

Како што објавија тамошните медиуми, Данците ќе организираат голема прослава во главниот град денеска. Автобусот со данските ракометари ќе вози низ Копенхаген речиси четири часа пред големата прослава да се одржи на главниот плоштад.

Интересно е што репрезентативците ќе печат палачинки, а потоа ќе им ги делат на навивачите. Тоа е данска традиција што датира од 1928 година.

ПретходноЉафтов поразен во финалето на купот, Милев со новиот клуб заврши четврти
СледноНаковски Волеј ја продолжи победничката низа