Љафтов поразен во финалето на купот, Милев со новиот клуб заврши четврти

91

Македонските одбојкарски репрезентативци Александар Љафтов и Владо Милев изминатиов викенд во Унгарија со своите тимови настапија на Ф4 турнирот од тамошниот национален куп. Љафтов и неговиот тим МАВ Елоре загубија во големото финале во еден исцрпувачки меч против екипата на Фино Капошвар со 3:2 во сетови, додека Казинбарчика на Владо Милев беше поразена во мечот за 4. место од екипата на Пензуѓер со 3:1.

Љафтов реализираше 3 поени во составот на МАВ Елоре во големото финале, додека Милев во своето практично викенд-деби во дресот на новиот клуб во овој втор меч имаше 1 реализиран поен.

Претходно во полуфиналето, новиот освојувач на купот Фино Капошвар со 3:2 во сетови ја совлада Казинбарчика на Милев, додека МАВ Елоре на Љафтов славеше со 3:2 против екипата на Пензуѓер.

ПретходноКоџаелиспор се обидува да го продаде Чурлинов до крајот на оваа недела
СледноДанците ќе имаат прослава: Ќе се возат со автобус и ќе печат палачинки