Прва лига жени: Пробаскет во пенал-завршница до победа против МЗТ Бела вода

133
Фото: КФСМ

Пробаскет стигна до победата буквално во последните моменти од гостувањето во Аеродром. Иако постојано водеа, во еден период од играта и со 13 поени, МЗТ бела вода се избори за пенал-завршница, во која кавадарчанки сепак го одбранија позитивниот резултат и дојдоа до успех на ова гостување.

МЗТ БЕЛА ВОДА – ПРОБАСКЕТ 72:75

На осум секунди до крајот, Алексова доби две слободни фрлања. Ги реализираше двете за (72:73). Но некоја секунда подоцна, од истата позиција „мирна“ беше и Томас, која постави (75:72) на семафорот. А Алексова не успеа со обид за три поени да обезбеди продолжение.

Томас заврши со 22 поени и 13.скока, Јовановиќ имаше 17 поени, додеа Стоева додаде 15 за Пробаскет кој сега има ефект (7-4).

Мај МЗТ Бела вода, Корли дојде до двоен ефект од 22 поени и 10 скока. Дабл-дабл реализираше и Херд, изразен со 20 поени и 14 скока.

Својот меч од ова 11.коло, екипите на Вардар и на Крива Паланка ќе го одиграат на 4. февруари.

„ШПАРКАСЕ ЛАЈФ“ ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ:

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 11.КОЛО

МЗТ Бела вода – Пробаскет 72:75

Бадел 1862 – Патриот 2016 106:46

Спорт тим – Баскет Кам 57:92

4.ФЕВРУАРИ

19.30: Вардар – Крива Паланка

Сала на КК „Вардар“ – Скопје

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/UCJl5c-qkl4?si=wBD7mbx5Dfw0Ybcx

ПретходноАлексовски во тимот на колото во Албанија, Нухиу е тренер на колото! (ФОТО)
СледноРепрезентативен голман на Камерун ќе го “брани“ Работнички! (ФОТО)