Првото пролетно коло од ПМФЛ шампионатот е закажано за 10, 11 и 12 февруари 2026 година.
Во првото коло има неколку интересни дуели во кои на домашен терен тимот на Вардар, есенскиот првак, го пречекува тимот на Арсими и тоа како домаќин на комплексот Петар Милошевски во Скопје.
Претходно, на 10 февруари колото го стартуваат Шкупи и Тиквеш, а сеуште не се знае каде ќе се одигра овој дуел.
Во истиот термин од 14:00 часот Шкендија ќе се сретне со Струга Трим Лум на домашен терен во дербито од ова коло.
Силекс и Башкими заедно со Вардар и Арсими се среќаваат ден подоцна во Кратово, додека пак на 12 февруари, Брера се среќава со Македонија ЃП, а Пелистер во Битола игра против Работнички.










