Хрватскиот селектор: Ова е голема чест! Обично во соблекувална сум опкружен со „смрдливци“

1841

Премиерот Андреј Пленковиќ ги прими во Владата хрватските ракометари и делегацијата на Хрватскиот ракометен сојуз по освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство и истакна дека тие повторно го воодушевија целиот народ и ја потврдија силата на хрватските колективни спортови со топка.

Селекторот на Хрватска, Драгур Сигурдсон повторно се најде во центарот на вниманието со својата изјава.

„Голема чест е да бидам тука. Не сум навикнат на вакви говори. Обично сум во соблекувалната со овие ‘смрдливци’. Не е баш пријатно. Сакам од срце да ви се заблагодарам, во мое и во име на мојата екипа, за поддршката. Можеме да бидеме горди на нашата репрезентација, но и на Светското првенство што минатата година се одржа тука, во Загреб. Нека ваквите резултати траат уште долго“, изјави селекторот на Хрватска на приемот кај премиерот.

Дочекот на ракометната репрезентација, во организација на Владата, ќе се одржи во 18 часот на Плоштадот бан Јелачиќ.

ПретходноДиме Димов е нов играч на Билис
СледноИталијанците тврдат: Несторовски е пред кам-бек во Серија Б?