Денешниот дуел против Силекс за фудбалерите на Струга Трим Лум е од огромно значење со оглед на тоа дека киксот и поразот во воведното пролетно коло од Шкендија (2:0), доднесоа немир во тимот кој имаше добра есен а сега е 4 бода зад Вардар.
Проблем во играта на тренерот Бледи Шкемби е тоа што на повреда и болки во тетиивата се жали Бунјамин Шабани. Играчот од средниот ред и еден од најдобрите играчи на „црвените“ во изминатите сезони ќе нема избор во прерсет на дуелот кој попладнево се игра на стадионот „Караорман“ во Струга.
Искусниот „мотор“ во играта на домашниот состав е најавен за настап, под лекарства и со стиснати заби ќе мора да им помогне на соиграчите во битниот дуел со силниот гостив во битката за највисокиот пласман на табелата.
Дуелот против Силекс го најави Меметриза Хамза.
„Подготвени сме и за овој натпревар, исто како и за претходните. Силекс го анализиравме доволно и се надеваме дека на крајот ќе ги освоиме сите три бода“, вели Хамза.
Исто и гостите доаѓаат со кикс во Струга по неуспехот со Башкими (0:0), на домашен терен.















