По минатонеделните најави дека Украинецот кој чека македонски пасош, Дмитро Хориха, на крајот на сезоната ќе си замине од Вардар, денеска стигнаа информации дека наводно договорот меѓу Хориха и унгарски Пик Сегед е комплетиран
Иако официјална потврда на трансферот нема, се погласни се шпекулациите дека Хориха го напушта Вардар ова лето. Останува да се почека потврда или демант на овие информации, кои го преселија Украинецот за кој се најавуваше дека ќе заигра за Македонија, во дресот на унгарскиот клуб.
View this post on Instagram










