Мејард го освои златото во слалом, бесниот Ли Мекграт ги фрли скиите и избега во шума!? (ВИДЕО)

229

Швајцарецот Лоик Мејард стана олимписки шампион во слалом. Во Бормио денеска, точно една година откако ја освои светската титула во слалом во Залбах, Швајцарецот го додаде олимпиското злато во својата колекција.

Мејард беше втор по првото возење, во кое беше цели 0,59 секунди зад Атле Ли Мекграт. Норвежанецот изгледаше како сигурен победник и силно го започна своето второ возење, но направи мала грешка при поминување на една од портите и остана надвор од трката.

По елиминацијата, Мекграт беше толку фрустриран што ги фрли стаповите на едната страна од патеката, а потоа истрча на другата, каде што ги соблече скиите, помина под безбедносните бариери и се упати во шумата. Неколку минути подоцна, Норвежанецот со спасувачки екипи на моторни санки, беше вратиен во натпреварувачката зона.

Фабио Гштреин, кој беше трет по првото возење, го освои среброто, додека викиншкиот принц Хенрик Кристоферсен, стигна до бронзениот медал.

ПретходноНи Англија не е тоа што беше: Еве на каков терен се одигра меч од ФА Купот!
Следно„Кога Клоп замина од Ливерпул, Челзи и Манчестер Ј. веднаш почнаа да се јавуваат“